Бројот на нови мали претпријатија во Италија кои се во сопственост на имигранти порасна за 44 проценти во периодот од април до јуни и таквите компании сега сочинуваат десет проценти од компаниите во сопственост на поединци во Италија, покажа кварталното истражување на странски и воневропски компании кое го спроведоа трговските комори Унионкамере и Инфокамере.
Во Италија во моментов работат 325,000 мали претпријатија во сопственост на имигранти од земјите надвор од Европа, а на чело на 63.000 вакви компании (една од пет компании) се Мароканци. Следни според бројот се компаниите во сопственост на Кинезите (46.000), потоа Албанците (39,564) и имигрантите од Бангладеш (23.000).
Федерацијата на мали и средни претпријатија CAN наведува дека најмалку 16 проценти од сите компании во сопственост на поединци во Рим (30.000 од вкупни 182.000) се во сопственост на имигранти од земјите надвор од Европа. Тие компании вработуваат 35.000 Италијани.
„Малите компании во рацете на имигрантите се еден од економските двигатели кои вработуваат доста млади луѓе, како и кои се исклучени од пазарот на трудот’, наведува шефот на CAN во Рим, Индра Перера.