26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарселона крои планови како да го задржи Мунир

Барселона крои планови како да го задржи Мунир

munir 39393

Веќе подолго време се пишува за желбата на Барселона, Мунир да го држи на „земја“, тој и натаму е играч на „Б“ тимот.

Младиот фудбалер има договор до наредното лето и клаузула од 12 милиони евра која англиските клубови без проблем би ја платиле.

Се говори дека Венгер ќе се обиде да го убеди во зимскиот преоден рок да дојде на „Емирати“, а ако плати 12 милиони, Барса нема да се прашува за ништо.

Сепак, одлуката е на Мунир кој „експлодираше“ во оваа сезона и го привлече вниманието на гигантите. Младиот играч засега е „глув“ на повиците од Англија, а каталонските медиуми пишуваат дека неговиот агент преговара со Зубизарета.

Ако биде промовиран како првотимец, клаузулата на Мунир автоматски ќе стане 35 милиони, но Барса цели на нешто друго, нов договор за младиот талент. Имено, клубот сака да се обезбеди, тој да потпише договор до 2019-та година и со тоа да ја отстрани секоја дилема.

Следат преговори околу парите, но тоа никогаш не е лесно, не само поради играчот, туку за сите кои ќе имаат „колач“ од трансферот. Сепак во Барселона не оставаат ни да помислат на тоа сензационалниот Мунир Ел-Хадади да си замине од клубот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП