29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо го сака Роналдо во Челзи!

Мурињо го сака Роналдо во Челзи!

mou roni 284

По честите шпекулации дека Роналдо е незадоволен во Реал, во англиските медиуми се појавија информации дека најдобриот играч во светот би можел да се врати во Премиер лигата.

Кристијано Роналдо најверојатно во овој момент не е во најдобри односи со тренерот Карло Анчелоти, што беше доволно за да започнат шпекулации за неговиот евентуален трансфер назад во Англија.

Манчестер Јунајтед, неговиот поранешен клуб, стои во редот за неговиот потпис, но според најновите информации на „Дејли Стар“, Челзи ќе понуди повеќе!

Мурињо сака повторно да соработува со својот сонародник, и тоа не е тајна, па Челзи во зимскиот преоден рок би можел да понуди 60 милиони фунти за неговите услуги.

Со оглед на тоа кои бројки беа во комбинација во летниот преоден рок, оваа сума веројатно би била премногу мала, дури и ако Реал се согласи да го пушти.

Сепак, иако Роналдо моментално е незадоволен во Мадрид, тешко е да се поверува дека Реал така лесно ќе се откаже од Кристијано Роналдо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП