29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈавна расправа за Предлог-законот за АД Водостопанство

Јавна расправа за Предлог-законот за АД Водостопанство

vodostopanstvo 8477

Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска ќе се одржи јавна расправа за Предлог-законот за АД Водостопанство.

На јавната расправа на која ќе учествуваат претставници од водостопанските организации, научните институции, водните заедници и земјоделските здруженија, ќе присуствува и министерот Михаил Цветков.

Согласно Предлог-законот, новото акционерско друштво во државна сопственост ќе се формира со цел успешно реализирање на најавените инвестиции во водостопанството од 20 милиони евра годишно и обезбедување подобри услуги за земјоделците.

Седиштето на Водостопанство на Република Македонија ќе биде во Скопје, а постоечките 12 водостопански претпријатија ќе станат негови подружници. Во оние места каде што нема вакви претпријатија или каде што водостопанските друштва покажуваат послаби резултати можно е да бидат формирани нови претпријатија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП