24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNestle отвори фабрика во Германија

Nestle отвори фабрика во Германија

nestle 39

Водечкиот светски производител на прехрамбени производи, швајцарската компанија „Nestle“, отвори нова фабрика за производство на инстант кафе и чај во гранули во Германија.

Изградбата на фабриката во германскиот град Шверин траела два години, а во неа ќе бидат вработени 450 работници, пренесува агенцијата АФП.

Во фабриката се инвестирани 220 милиони евра.

Во новата фабрика ќе се произведува интант кафе и чај во гранули од брендот „Dolce Gusto“ наменети за германскиот, скандинавскиот и источноевропскиот пазар, се наведува во соопштението на компанијата.

„Nestle“ планира отворање на фабрики и вo Шпанија и Велика Британија во кои ќе ги произведува истите артикли. Отворањето на нови фабрики во Германија е во рамките на програмата на компанијата за поголемо вработување на младите.

„Nestle“ планира до 2016 година да отвори 20.000 работни места за младите, а само во Германија околу 1.000.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП