26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДали Монако ќе ја доживее судбината на Анжи?!

Дали Монако ќе ја доживее судбината на Анжи?!

monako igraci 39

Постојат два начини да направите клуб – оргомни инвестиции веднаш или стратешко планирање, со потпирање на сопствената школа, добра работа и скаутинг.

„Ние го одбравме тоа второто“, објаснува потпретседателот на Монако, Вадим Васиљев.

Клубот од кнежевството 18 месеци важеше за прототип за оној првиот пристап, така што сопственикот Дмитри Риболовљев во клубот вложи преку 300 милиони евра. Тогаш за едно лето продаде 25 играчи!

Но се се промени еден мајски ден, кога судот во бракоразводната постапка со тогашната жена Јелена ја додели најголемата отштета во историјата на светот – скоро три ипол милијарди евра (4.5 милијарди долари). Веќе тогаш сите можеа да предвидат што ќе се случи.

„Мојата работа е да го водам клубот, а не да зборувам за приватниот живот на претседателот“, одговори логично на новинарското прашање Васиљев.

Многу експерти сметаат дека жалбениот процес околу бракоразводната парница може да потрае, а некои детали во договорот наговестуваат дека Дмитри нема да мора да плати ниту блиску од најавената сума.

Луѓето блиски до раководството на клубот наведуваат дека вистинската причина е тоа што властите на Монако несакаат на Риболовљев да му дадат пасош така брзо како што своевремено тоа го направија Кипраните. Државјанството на Кипар не спречува испорачување во Русија во случај на стартување на судски процес, а со пасош од кнежевството, Риболовљев би можел да биде мирен.

Овој милијардер, инаку, богатството го стекна со развојот на компанијата „Уралкали“, која се занимава со експлоатација и преработка на калиум. Таа компанија доживеа колапс во текот на 2013-та година, во момент кога на чело беше Сулејман Керимов.

Креимов секако ви е познат како сопственик на Анжи, клуб во кој вложуваше многу пари, а одеднаш ги распродаде сите играчи и испадна од лигата. Можеби и овие два клуба ги соединува нешто повеќе од Ласина Траоре.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП