23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса ќе ги задржи младите ѕвезди со нови договори

Барса ќе ги задржи младите ѕвезди со нови договори

sandro munir

Тројцата млади играчи кои оставија голем впечаток со настапите за првиот тим на Барселона ќе добијат нови договори. Тоа се Мунир ел Хадад, Сандро Рамирез и Адама Траоре, пишува весникот „Спорт“.

Сигурно тие ќе добијат некакво зголемување на платите, но уште поважно е дека ќе бидат укинати сумите на клаузулите за раскинување на нивните договори. По промоцијата од вториот во првиот тим на „каталонците“, тие забележаа скок од 12 на 35 милиони евра.

Но, дури и овие износи се гледаат мали за раководството и во интерес на вистината, едвај би ги застанале „големите ајкули“, ако сакаат да ги платат. Поради тоа ќе има преговори за нови договори со младите таленти, но со прилично изменети услови.

Ел Хадад и Сандро ја започнаа одлично сезоната за тимот. Првиот го постигна првиот гол на натпреварот со Елче, додека вториот ја донесе победата во натпреварот со Виљареал. Само Траоре се уште не се докажал, но сите во клубот сметаат дека тој е одличен талент.

Се очекува преговорите со младинците да започнат во најскоро време и најдоцна до крајот на годината да имаат резултат, а тоа значи тие да имаат потпишано при подобрени услови и за нив, и за клубот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП