Една од најголемите банки во Македонија, НЛБ Тутунска банка, следејки ги модерните европски текови и домашната законска регулатива ја прошири својата Индикативна курсна листа со 9 нови валути:
BGN-975 – Бугарски лев
CZK-203 – Чешка круна
HUF-348 – Унгарски форинт
PLN-985 – Полски злоти
RON-642 -Нови Романски леи
HRK-191 – Хрватска куна
RUB-643 – Руска рубља
TRY-949 – Турска лира
HKD-344 – Хонк Конгшки долар
Со проширувањето на курсната листа Банката отвара можност правните лица да можат да вршат откуп и продажба и на овие валути.
Купувањето и продажбата ќе се одвива според стандардните процедури кои важат за сите валути кои се предмет на купо-продажба на девизниот пазар во Банката.