18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо САД најавен штрајк на вработените во Мекдоналдс, Бургер кинг, Кеј- Еф-Си...

Во САД најавен штрајк на вработените во Мекдоналдс, Бургер кинг, Кеј- Еф-Си и Вендис

fast-food-strike

Вработените во Мекдоналдс, Бургер Кинг, Кеј-Еф-Си и Вендис в четврток во 15 градови во САД ќе ги напуштат своите работни места и ќе стапат во штрајк поради прениските примања.

Тоа ќе биде само еден од серијата штрајкови во рамки на двегодишната кампања за зголемување на минималната плата на работниците во индустријата за брза храна на 15 долари за час.

Синдикатот, кој ги организира штрајковите исто така тврди дека тие ја поттикнуваат дебатата за нееднаквоста во САД и според нив веќе се зголемени минималните плати во Конектикат и Њу Џерси.

Според едно истражување работната популација во фаст фуд индустријата драматично се променила од почетокот на новиот милениум. Работниците, кои имаат над 20 години сега е 70 отсто од работната сила, околу 40 отсто од нив имаат деца, а една третина од нив студираат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП