Успешната имплементација на комерцијалната стратегија и стратегијата за работен капитал ја подобрија профитабилноста на ОКТА, истовремено и нејзината ликвидност, додека компанијата продолжи да го зголемува нејзиниот удел на домашниот пазар. Оперативниот профит во вториот квартал на 2014 е подобрен во споредба со првиот квартал, пред се поради зголемениoт волумен и маржа на домашниот пазар, како и пониски оперативни трошоци. Истовремено, извозот се стабилизираше во вториот квартал на повисоко ниво во споредба со првиот квартал од 2014 година, и покрај поинтензивната конкуренција на косовскиот пазар. Како резултат на горенаведеното, прилагодената ЕБИТДА се зголеми на 74 милиони денари во вториот квартал на 2014, четири пати повисока отколку истиот период изминатата година. Ликвидноста на ОКТА на крајот на вториот квартал од 2014 значително е подобрена, со расположливи средства кои ги надминуваат позајмиците за 128 милиони денари. За време на вториот квартал од 2014 компанијата скоро ја комплетираше, со голем успех, Програмата за престанок на работниот однос на вработените од деловни причини, која достигнува вкупна вредност од 224 милиони денари.
”ОКТА и нејзините вработени направија исклучителни напори во изминатите година и половина за да ја трансформираат компанијата и да ги подобрат нејзините перформанси. Иако сеуште има планови за понатамшно подобрување, бенефитите од нивните активности позитивно ќе се одразат на финансиските резултати во 2014 година. Наш приоритет останува сигурното снабдување на нашите потрошувачи и профитабилно зголемување на нашиот удел на пазарите на кои работиме”, изјави Главниот извршен директор на ОКТА, Виктор Папаконстантиноу.
ОКТА продолжува да се фокусира кон општествено одговорните активности преку имплементирање на голем број на различни програми, како што е националната кампања за поддршка на Интензивното одделение на Детската клиника во Скопје, повеќе циклуси на Програмата за практикантство на студенти , како и донации за локалната заедница.
Основана во 1980, ОКТА е една од најголемите компании во Југоисточна Европа. ОКТА останува посветена на фер и транспарентната соработка со сите нејзини партнери, добавувачи и клиенти, со цел да обезбеди редовно и непречено снабдување со висококвалитетни нафтени деривати на локалните и соседните пазари и истовремено продолжува да придонесува кон општеството.