24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција со најмногу резерви на злато на Балканот, Македонија пред Словенија

Грција со најмногу резерви на злато на Балканот, Македонија пред Словенија

Gold bars

Со резерви на злато, од 6,8 тони, Македонија е рангирана на 79 место од вкупно 100 земји од светот, додека Албанија е последната, со 1,6 тони, јавуваат албанските медиуми, повикувајќи се на извештајот на World Gold Council за месец август 2014.

Бројките ги потврдил и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Од регионот на Балканот најмногу злато има Грција, 112,2 тони злато, следува Бугарија со 40 тони, Србија 16,1 тони, Словенија 3,2 тони, Босна и Херцеговина 3 тони злато.

Хрватска, Косово и Црна Гора не се во листата.

Според листата, прва е САД со 8.133,5 тони, втора е Германија со 3.384,2 тони, трет е ММФ со 2.814 тони, па Италија, со 2.452,8 тони, Франција со 2.435,4 тони, Русија е петта со 1.094,7 тони.

Претпоследна (99) на листата е Хаити со 1,8 тони и Албанија последна со 1,6 тони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП