29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗдрави намирници за здрав живот: Консумирајте ги што почесто!

Здрави намирници за здрав живот: Консумирајте ги што почесто!

healthy-780x780

Обично сите знаат што е здраво, а што не е здраво за јадење. Овошјето и зеленчукот се општо прифатени како намирници за здрав живот. Издвојуваме неколку продукти кои можат лесно да се набават на нашите простори и во текот на нивната сезона но и надвор од неа, а кои се извонредно здрави.

Суво грозје

suvogrozjemncoijfv

Одлично е за чување на кардиоваскуларниот систем и мозокот, а претставува и одличен извор на железо за крвта. Секојдневно, за време на вашата ужинка уживајте во една шака суво грозје.

Брокула

Секако дека местото на брокулата и е во најздравите продукти бидејќи е одлична во намалување на ризикот од рак, a богата е и со витамин Ц, бета каротен и други состојки.

Печурки

pecurki

Содржат хранливи материи кои на организмот му помагаат во борбата со воспалителните болести, го спречуваат оштетувањето на ДНК-та и докажано е дека содржат состојки кои можат да го намалат ризикот од заболување од рак на дојката и матката.

Смоква

Смоквата има одличен вкус и одличен нутритивен статус. Богата е со растителни влакна и витамин Б6 што значи го подобрува расположението, го намалува холестеролот, спречува задржување на екстра вода во организмот и го штити срцето и крвните садови.

Лук

luknjuioj-p9u=

За лукот нема многу што да се збори. Одличен е и можеби најздраво нешто на нашите простори. Штити од рак, богат е со витамин Б6 и Ц витамин, како и со многу други состојки кои ги нема во другите овошја и зеленчуци.

Диња

Дињата е богата е со антиоксиданти, витамин Ц , бета каротен, калиум и уште многу други состојки. Се докажало дека е меѓу најздравите продукти и се препорачува што почесто да се консумира.

Малина

malini1hbtyhtyh5y6

Малината е овошје кое содржи големо количество на витамин Ц, растителни влакна и состојки кои според бројни истражувања го спречуваат развојот на канцерогените заболувања и помагаат за зачувување на кардио-васкуларниот систем. Редовното консумирање на ова овошје гарантира здравје и виталност.

Кикирики

Ова е лесно достапен и употребуван продукт кај нас. Содржи многу железо, цинк, магнезиум, а го штити срцето и крвните садови.

Обидете се што повеќе овие намирници да бидат достапни на вашата трпеза, без разлика дали е нивната сезона, најдете ги во некоја преработена форма и конзумирате ги почесто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП