2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИскористени половина од средствата од кредитната линија на ЕИБ

Искористени половина од средствата од кредитната линија на ЕИБ

mbpr

Македонските компании искористиле половина од евтината кредитна линија од Европската инвестициска банка. Од јули кога беше ставена на располагање, поддржани се 187 проекти во вредност од 49.996.332 евра.

Како што не информираат од Македонска банка за поддршка на развојот, во постапка на одобрување се нови 23 проекти во износ од 10 милиони, кои ќе се обезбедат со повлекување на нова петта транша од кредината линија од 100 милиони евра, што ја обезбеди Владата од Европската инвестициска банка. Новата транша се очекува да биде повелечна до крајот на наредниот месец.

Од одобрените кредити, најголемиот дел – 40 проценти се за производствени компании, за трговија 32 отсто, 11 проценти се во секторот услуги, четири за транспорт и три проценти се кредити за хотели.

Со реализација на досегашните четири транши од оваа трета кредитна линија од Европската инвестициска банка, се отворени 1.314 работни места.

Кредитната линија  се пласира преку Македонската банка за поддршка на развојот, а фирмите поднесуваат барање кај девет деловни банки – Стопанска банка Скопје, НЛБ Тутунска банка, Комерцијална банка, Охридска банка, Шпаркасе банка, Стопанска банка Битола, Прокредит банка, ТТК  банка и Халк банк.

Средствата се достапни со субвенционирана камата од 5,5 проценти и рок на отплата до осум години со грејс период до две години. 70 проценти од кредитната линија се за малото стопанството, а 30 проценти за големите компании. Малите и средните претпријатија може да ги користат за обртни средства и за инвестиции, а големите компании може да аплицираат за проекти од областа на животната средина, претприемништвото и иновации, енергетика, инфраструктура, индустрија и други услужни дејности. Кредитите од 10 илјади евра до 3,5 милиони евра ќе се одобруваат со рок на отплата до осум години  и грејс период до 2 години, а кредитите со износ од 5.000 до 667.000 евра со рок на отплата до 3 години со грејс период до 6 месеци.

Целта на оваа и на претходните две кредитни линии е поддршка на приватниот сектор од страна на Владата, преку нови средства да се зголеми ликвидноста на стопанството и извозот.

Со претходните две кредитни линии од 150 милиони евра, беа поддржани 712 проекти на мали и средни претпријатија кои отворија 3.150 нови работни места. Поддршка добија производни и извнозни компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП