19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар победи против Санкт Петербург на турнирот во Струга

Вардар победи против Санкт Петербург на турнирот во Струга

timur

На вториот ден на меѓународниот ракометен турнир „Струга 2014“ македонскиот вицепрвак Вардар оствари убедлива победа над руската екипа Санкт Петербург со 35:22.

Натпреварот беше решен на стартот на вториот дел кога по водството на полувремето 16:13, „црвено-црните“ направија серија од 9:1.

Најефикасен на натпреварот беше Тимур Дибиров со 7 голови.

На вториот натпревар од вчерашната програма полскиот тим Азоти Пулави го победи француски Кретеј со 30:25.

Со оваа победа Полјаците им овозможија на ракометарите на Металург, кои го бранат трофејот да останат во игра за првото место во групата.

Но, Металург мора да постигне победа од четири и повеќе голови разлика.

Табела А група: Азоти Пулави 2 бода (1 натпревар), Кретеј 2(2), Металург 0 (1).

Табела Б група: Вардар 2 (1), Санкт Петербург 2 (2), Металопластика 0(1).

Денеска се играат натпреварите од 3.коло: Вардар – Металопластика (почеток 19 часот) и Металург – Азоти Пулави (20:45). з

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП