26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООваа година тројца добиваат најголема плата во Формула 1

Оваа година тројца добиваат најголема плата во Формула 1

alonso fetel

Огромна разлика помеѓу водечките пилоти во Формула 1 и оние кои се натпреваруваат за тимови со помали амбиции, покажа годишната студија за платите во најпопуларниот автомобилски шампионат.

Овогодинешното издание „Business Book GP2014“ на врвот на листата стави тројца луѓе – Фернандо Алонсо од Ферари, неговиот клубски колега, Кими Раиконен и четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел (Ред бул) со по 22 милиони евра годишна плата.

Алонсо ја изгуби својата предност, бидејќи неговата плата оваа година се зголемила само за 2 милиони евра, додека приходите на Раиконен се зголемени за 19 милиони, а на Фетел за 10 милиони.

Светскиот шампион за 2008-ма година, Луис Хамилтон, е надвор од тројката со 20 милиони евра. Англискиот пилот има уште 18 месеци до крајот на договорот со Мерцедес.

Извршниот директор на германскиот тим Тото Волф изјави дека, сепак, има намера да го задржи Хамилтон за подолго, а тоа значи и поголема плата.

Другиот пилот во Мерцедес и лидер во генералниот пласман во шампионатот Нико Розберг добива 8 милиони евра помалку од Британецот.

Фелипе Маса, кој се натпреварува за Вилијамс, добива 4 милиони евра годишно. Толку е платата и на Нико Хулкенберг во Форс Индија. Возачите во Лотус, Ромен Грожан и Пастор Малдонадо заработуваат по 3 милиони евра.

Другите натпреварувачи кои добиваат барем седумцифрен износ се Кевин Магнус (Мекларен) и Валтер Ботас (Вилијамс) – по 1 милион евра.

Надвор од „клубот на милионери“ спаѓаат следниве пилоти (износите се во евра):

Даниел Рикардо (Ред бул) – 750.000

Жан-Ерик Верн (Торо Росо) – 750.000

Жил Бјанки (Марусија) – 500.000

Естебан Гутиерес (Заубер) – 400.000

Данил Квајт (Торо Росо) – 250.000

Макс Чилтон (Марусија) – 200.000

Камуи Кобајаши (Рено) – 150.000

Маркус Ериксон (Рено) – 150.000

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП