4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Грција 77 милијарди евра лоши кредити

Во Грција 77 милијарди евра лоши кредити

grcka_eurobhtrhy65u

Резултатите од стрес тестовите кои Европската централна банка во моментов ги спроведува во 128 банки во еврозоната, вклучувајќи ги и грчките банки, нема да бидат објавени сеуште.

Нивното официјално објавување е предвидено за октомври, но банките се надеваат дека и порано ќе добијат некои назнаки за потребното ниво на докапитализација, пишува грчкиот весник Катимерини.

Во октомври банките, вклучувајќи ја и Грчката национална банка, „Пиреус“, „Алфа“ и „Евробанка“, ќе примат аналитички извештаи и ќе добијат рок од 15 дена да достават предлози за покривање на евентуалните дупки во капиталот. Тие мерки ќе мора да бидат спроведени во рок од шест до девет месеци.

Во Атина владее мислење дека сумата потребна за докапитализација на банките ќе биде мала и дека нема да биде проблем таа да се собере. Катимерини наведува дека најверојатно станува збор за цифра од четири до пет милијарди евра.

Најголема причина за загриженост на банката се ненаплатливите кредити, чија вкупна вредност се проценува на дури 77 милијарди евра, од кои околу 43 милијарди корпоративни кредити.

Од таа причина, неопходна е реструктура на кредитите одобрени на деловниот сектор, а едно од решенијата кои се разгледуваат е одобрувањето на реструктура во случај со неа да се согласат повеќето кредитори, наместо апсолутниот консензус кој досега беше потребен.

Најважно е тоа што, самото претпријатие нема да може, како што претходно беше пракса, да стави вето на одлуката на банката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП