20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСе зголемува интересот за Икарди

Се зголемува интересот за Икарди

Mauro Icardi of Inter

Развојот на Мауро Икарди, во изминатата година, е видлив дури и за најпознатите пристрасни фудбалски аналитичари.

Аргентинскиот напаѓач успеа да се наметне во Интер, претворајќи се во лидер во нападот на „нероазурите“. Тој покажа дека е подготвен за многу добра сезона, откако одигра неколку незаборавни натпревари за време на „летната Лига на шампионите во САД“.

Напредокот во играта на Икарди остави впечаток и на англискиот Ливерпул, па раководството на „црвените“ размислува да испрати понуда за поранешниот играч на Сампдорија. Во неговото лице, Британците виделе достоен заменик на Луис Суарез, кој пред извесно време беше продаден на Барселона.

Интерес кон Мауро има и француски Монако, но Французите ќе излезат со конкретна понуда, само ако „кнезовите“ се разделат со својата ѕвезда Радамел Фалкао.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП