25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОткупени досега 75.000 тони пченица

Откупени досега 75.000 тони пченица

pcenicaaa2

Вкупно 75.000 тони пченица се откупени досега по просечна цена од 11 денари за килограм, информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков.

Како што рече Цветков на денешната средба со новинарите, приносот годинава е рекорден, од 3,5 тони на хектар до дури шест тони во Пелагнојија, но квалитетот е послаб.

Големите земјоделски стопанства немаат никаков проблем, ниту со количината, ниту со квалитетот зашто користат сертифицирано семе и применуваат соодветни агротехнички мерки.

„Владата ќе продолжи да ги поддржува земјоделците, да им помага, особено на помалите, но и тие од своја страна треба нешто да сторат. Мора да го подобрат производството, да употребуваат квалитетно, сертифицирано семе, и соодветно да ја обработуваат почвата“, истакна Цветков.

Откако е на оваа функција, министерот одржал најмалку 15 средби со производителите и преработувачите од речиси сите земјоделски сектори. Приоритет остануваат, нагласи, стратешките култури како пченицата, тутунот и лозовите насади.

Во врска со состојбата во лозарствто, Цветков рече дека уште пет визби не ги подмириле ланските долгови за откупеното грзоје, но тоа сигурно ќе го сторат по продажбата на виното кое го имаат доволно во залиха.

Министерот смета дека случајот со листериозата ќе се одрази врз месната индустрија, особено по вчерашната информација за изворот на бактеријата. Според него, дел од граѓаните веќе се скептични околку купувањето месни преработки.

Министерот најави измени на законот за заштитните препарати во земјоделството. Ќе се дефинира конректно кој ќе може да ги увезува. Притоа, обврзно ќе биде декларирањето со точно назначено потекло и содржина. Пред пуштањето на препарартите во промет ќе се анализира процентуалната застапеност на активната материја во нив со оглед на можните малверзации во овој дел, односно разредувањето и продажбата по повисоки цени.

Цветков подвлече и дека е недозволиво тоа што препаратите за заштита во земјоделството кај нас се три пати поскапи во однос на оние од соседството и Европа. Согласно законските измени, ќе се пропишат и казни за увоз на несоодветно декларирани препарати кои меѓу другото ќе предвидуваат и одземање на лиценците за продажба на најмалку пет години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП