18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветска престолнина на милионери е...

Светска престолнина на милионери е…

857951-millionaire

Лондон е светска престолнина на милионери, бидејќи во овој град живеат дури 376,600 лица со богатство поголемо од еден милион долари.

Според податоците на консултантската компанија „INJG“, со седиште во Jоханесбург, милионерите во Лондон сочинуваат речиси три проценти од вкупниот број на жители.

На второто место на листата според бројот на милионери зад Лондон е Њујорк со 319.700, додека на третото место е Tокио со 265,800 милионери. Следат Сингапур, Хонг Конг, Лос Анџелес, Франкфурт, Мексико Сити, Чикаго и Сан Франциско.

Кога станува збор за листата со градoви со најмногу мултимилионери, односно луѓе со богатство од најмалку 10 милиони долари, првото место го зазема Хонг Конг, кој сепак, на листата на милионери го зазема дури петтото место.

Кога станува збор за бројот на милонери според бројот на жители, на врвот на листата се швајцарските градови Женева и Цирих со 7,8 односно 5,8 проценти милионери.

Бројот на мултимилионери во светот во изминатите 10 години се зголемил за 71 процент на 495,000, додека бројот на милионери е зголемен за 58 проценти на 13 милиони, покажуваат податоците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП