28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗелено светло за наследникот на Hondа S2000

Зелено светло за наследникот на Hondа S2000

s2000 sks

Покрај „Hondа NSX“, уште еден успешен спортски модел од историјата на овој производител би требало да добие своја современа верзија.

Додека вниманието на љубителите на спортските автомобили на „Hondа“ се насочува кон обновениот модел „NSX“ кој на пазарот се очекува во почетокот на 2015-та, во оваа компанија ја разгледуваат реализацијата на наследникот на роудстерот „S2000“. Овој модел со успех се произведуваше во периодот од 1999-2009-та, а ширум светот се продадени преку 110.000 примероци.

Според најновите информации до кои дојде магазинот „Motoring“, од „Honda“ процениле дека на пазарот и натаму постои доволно интерес за спортски автомобил каков што беше „S2000“.

Новиот „S2000“ сепак во некои елементи значително ќе се разликува од својот претходник, со оглед дека автомобилот ќе биде купе, а не роудстер како претходно, додека моторот наместо напред ќе биде поставен централно.

Како и новиот „NSX“, наследникот на „Hondа S2000“ исто така ќе биде хибрид. Погонскиот систем најверојатно ќе се состои од модифицирана верзија на четирицилиндарски 2.0-литарски турбо-бензинец кој ќе ја придвижува новата „Hondа Civic Type R“ и електромотор, а ќе произведува околу 370 ks (272 kW). Моќта ќе се пренесува на задните тркала со помош на седумбрзински менувач со двојно квачило.

Новиот „S2000“ би требало да се произведува во развојниот центар на „Нondа“ за возила со високи перформанси во Охајо, каде се изработува и моделот „NSX“, a во продажните салони се очекува во 2017-та година. Според претходните најави, цената на овој автомобил ќе се движи околу 42.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП