19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Алкалоид“ ја продолжува серијата инвестиции во Европската унија

„Алкалоид“ ја продолжува серијата инвестиции во Европската унија

20121711-alkaloid33

„Алкалоид“ регистрираше ново друштво во Словенија, под името „АЛКА-ЛАБ“, со седиште во Љубљана. Станува збор за воведување сопствена хемиска лабораторија за тестирање на производи на територијата на Европската унија, со цел пуштање во промет серија лек, инвестиција вредна околу 600.000 евра.

Новоформираното друштво е во 100 проценти сопственост на „Алкалоид АД“ Скопје.

Зајакнување на позициите на пазарите на ЕУ, како и постигнување што поголемо пазарно учество, се главните цели од кои произлегува овој потфат, соопштија од компанијата.

Со континуираните вложувања во и надвор од границите на Македонија, „Алкалоид“, како што се наведува, ги продолжува активностите за зацврстување на извозните позиции на компанијата како главна стратешка определба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП