19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА15 држави во кои луѓето живеат со помалку од 1 долар на...

15 држави во кои луѓето живеат со помалку од 1 долар на ден

siromasni drzavi

За луѓето во развиениот свет е тешко да ја замислат суровоста на сиромаштијата во светот. 1 долар е нешто што повеќето луѓе го сметаат за ситни пари и дури не му обрнуваат внимание. Постојат нации, во кои мнозинството живее со помалку од 1 долар на ден!

Погледнете ги 15-те нации, во кои луѓето живеат со помалку од еден долар, според извештајот на Светска Банка:

15. Зимбабве – 36%.

Земјата се наоѓа во Централна Африка и страда од континуирани политички, економски и социјални проблеми. 72% од населението на земја живее под прагот на сиромаштијата.

14. Непал – 37%.

Иако според туристичката индустрија, приходите по глава на жител се еднакви на 750 долари. Населението е 30 милиони луѓе, а земјата е една од најсиромашните во светот. Таа е на 157-то место од вкупно 187 во рангирањето „Human Development Index“. Лошата инфраструктура е проблем, како и недостатокот на можности за образование.

13. Мозамбик – 38%.

Земјата забележува економски раст од 7% за 2013-та година. Сиромаштијата, сепак се уште е многу висока. 80% од работната сила е ангажирана во секторот на земјоделство.

12. Лесото – 43%.

Земјата има популација од речиси 2 милиони луѓе. Земјоделскиот и рударскиот сектор има 6-процентен раст за периодот 2012 – 2013 година. Невработеноста е 24%. Иако генерално сиромаштијата се намалува, во руралните средини таа останува стабилна.

11. Индија – 44%.

Во Индија живеат над 1 милијарда луѓе. Економијата на земјата е на 4-то место во светот по БДП, пресметан по парите на куповната моќ. Сиромаштијата сепак е присутна. Инфраструктурата е лоша, недостасуваат добри патишта, јавен превоз, автопати. Над 300 милиони луѓе немаат пристап до електрична енергија.

10. Гана – 45%.

Економијата на Гана покажува подобрување, благодарение на развојот на секторот за производство на нафта и гас. Во последните две години, сепак, економскиот раст е забавен и за 2014-та година ќе биде под 1%.

9. Мадагаскар – 49%.

Мадагаскар е силно зависен од рударскиот сектор. Но растот на БДП на земјата не е доволен за да се надомести зголемувањето на населението.

8. Сиера Леоне – 57%.

Во последните три години БДП на Сиера Леоне расте за 6% годишно, заради производство на железо. Владата се труди да воведе реформи, за да се намали корупцијата, како и да се подобри здравството. Невработеноста кај младите луѓе сепак е премногу висока – 60%.

7. Гамбија – 59%.

Тоа е најмалата држава во Африка. Во последната децении таа покажува значително економско подобрување. Населението е малку над 2 милиони луѓе, земјоделскиот сектор е меѓу најсилно развиените.

6. Буркина Фасо – 61%.

Се наоѓа во Африка. Приходите по глава на жител во земјата се многу ниски – 635 долари. Населението е 17 милиони, од кои 60% се млади луѓе. Климата во земјата е неповолна за селско-стопанска активност.

5. Нигер – 61%.

Тука живеат 16 милиони луѓе и се зголемуваат. Климата е неповолна – има често поплави, суши и години на глад. Нигер е една од најопасните земји во светот.

4. Замбија – 64%.

44% од луѓето живеат во состојба на екстремна сиромаштија. Во градовите условите за живот се подобри. Во руралните области сиромаштијата е околу 70%.

3. Централна Африканска Република – 67%.

Населението е само 4 милиони луѓе. Земјата преживеала големи хуманитарни кризи. Во 2013-та година 1.000 луѓе биле убиени во немири.

2. Нигерија – 70%.

Нигерија се наоѓа во Западна Африка. Таа има население од 158 милиони луѓе. Земјата е една од најголемите извозници на нафта и гас во светот. Таа има наоѓалишта на природни богатства и голем потенцијал.

1. Мали – 73%.

Се наоѓа во Западна Африка. Економијата е многу нестабилна. Населението е големо, но распрснато на поголемиот дел од нејзина територија. Земјата нема излез на вода. Климатските промени во последните децении имаат негативен ефект врз и онака кревката економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП