20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Баварците“ планираат да украдат уште една ѕвезда на „милионерите“!?

„Баварците“ планираат да украдат уште една ѕвезда на „милионерите“!?

marko rojs 3948

Баерн Минхен е многу блиску до тоа да се засили со уште еден играч на Борусија Дортмунд, пишуваат медиумите во Германија.

Идејата е „баварците“ да го земат крилото на „жолто-црните“, Марко Ројс следното лето за сума од 35 милиони евра. Од минхенскиот гигант веќе упатиле понуда до своите колеги од Дортмунд и во моментов го чекаат нивниот одговор. Сето ова го призна Карл-Хајнц Румениге за „Билд“.

Како што е познато, Ројс одби да го обнови договорот со Борусија и ќе го напушти клубот. Кон него интерес има уште од Барселона и Манчестер Јунајтед.

Многу веројатно е сепак германскиот репрезентативец да ги следи стапките на поранешните соиграчи Марио Гетце и Роберт Левандовски и да премине во редовите на „баварците“.

Баерн Минхен покажуваше интерес за Марко Ројс уште додека тој беше играч на Менхенгладбах, но тогаш тој избра да се врати во родниот клуб и потпиша со Борусија Дортмунд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП