2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалени цените на буковото огревно дрво за 10 и 15 отсто

Намалени цените на буковото огревно дрво за 10 и 15 отсто

drva ogrev 335

ЈП „Македонски шуми“ ги намали цените на буковото огревно дрво за 10 отсто за сите физички лица и за 15 проценти за корисниците на социјална помош.

Ваквата одлука ќе важи од денеска до 30 септември годинава, а е донесена, како што соопшти претпријатието, за да им се излезе во пресрет на граѓаните, особено на ранливите категории.

Новата цена на буковото огревно дрво со попуст од 10 проценти е 2133,60 денари за метар кубен, а цената за лица корисници на социјална помош со 15 проценти попуст е 2015,03 денари.

Овие цени важат за купување во складовите на ЈП„Македонски шуми“.

„Располагаме со доволно количини дрвна маса во складовите во Скопје и државата, за претстојната грејна сезона. Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да купат буково огревно дрво од стовариштата на ЈП „Македонски шуми“ веќе од денеска може да го сторат тоа, по нова, намалена цена“, информира „Македонски шуми“.

Одлуката за намалување на цената ја донесе Управниот одбор, имајќи го предвид периодот кога граѓаните се снабдуваат со огревно дрво за претстојната грејна сезона.

По намалени цени ќе можат да купат буково огревно дрво физички лица кои ќе извршат целосна уплата на потребната количина во износ од 10 проценти од цената утврдена со главниот ценовник за главни шумски производи. На купувачи-физички лица-припадници на категоријата социјални случаи кои ќе извршат целосна уплата на потребната количина буково огревно дрво, им се одобрува рабат во висина од 15 проценти од износот на утврдената цена за количина до пет метри кубни. Припадноста на оваа категорија купувачите треба да ја докажат со исправа издадена од надлежен орган.

„Во Македонија дрво за огрев користат две третини од граѓаните и ние според тој податок секоја година произведуваме доволни количини огревно дрво за да се задоволат потребите на оваа категорија граѓани. Така ќе биде и оваа година“, велат од „Македонски шуми“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП