9 декември, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСе продава „краставицата“ во Лондон

Се продава „краставицата“ во Лондон

London pickle2

Позната како „краставица“, зградата обележје во Лондон, чиј автор е познатиот архитект Норман Фостер, е прогласена за продажба, соопштува „Фајненшл тајмс“.

Зградата е отворена во 2004-та година, асите нејзини 41 ката се наменети за осигурителна компанија „Swiss Re“.

Но зградата оваа година падна во сопственост на корисниците, откако долговите се зголемија.

Со продажба се ангажирале „Savills“ и „Deloitte Real Estate“, а се смета дека пазарната проценка на зградата е барем 650 милиони фунти.

Зградата беше купена од „Swiss Re“ во 2006-та година за 600 милиони фунти од лондонската инвестициска банка „Evans Randall“ и германската група за недвижности „IVG Immobilien“.

Пазарот на бизнис со имот во Лондон доживува подем, откако почна економското заздравување по кризата и инвеститори од целиот свет започнаа да бараат канцелариски простори. Во исто време на неактивните површини се на најниско ниво од 2007-ма година па наваму.

Затоа и продавачот на значајната зграда смета дека може да се очекува зголемување на кирии во неа. Се очекува продажбата да заврши до средината на есента.

Од изградба па досега зградата е фотографирана во многу телевизиски програми и филмови, а како веројатно највпечатливо е нејзината појава е во „Основен инстинкт 2“, каде што зградата е канцеларија на криминално докажан психоаналитичар, забележува „Гардијан“.

Зградата во моментов има 20 станари, меѓу кои и осигурителната компанија која првично беше сопственик на зградата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП