25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПокрај спортската опрема, „Рибок“ сега ќе произведува и сланина

Покрај спортската опрема, „Рибок“ сега ќе произведува и сланина

reebock_bacon

,,Рибок“ и сланина не се поими кои би ги поврзале. Компанијата која е позната по производство на спортска опрема, сега влегува во нов бизнис и се надева дека ќе стане синоним за квалитетна сланина.

„Рибок“ ја пласираше својата сланина на пазарот. Компанијата одлучила да ja лансира кампањатa за „Кросфит“ спортистите кои се на „Палеовата“ диета и не им е дозволено да јадат преработена храна.

Единствена преработена храна која им е дозволена е сланината, и поради тоа „Рибок“ одлучил да произведе сланина во која нема нитрати, конзерванси и засладувачи.

,,Љубители на сланината, обединете се. Ти се поклонуваме сланино. Се предаваме само на твојот солен вкус. Те сакаме и ти ветуваме дека ќе те јадеме до денот кога свињите ќе почнат да летаат, и се надеваме дека во облик на сланина ќе влетаат во нашата уста”, напишале „Рибок“ на својот сајт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП