24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Bank of America намален за 43 проценти

Профитот на Bank of America намален за 43 проценти

bank-of-america-atm

Втората најголема банка во САД според средствата, „Bank of America“, за вториот квартал пријави пад на профитот од 43 проценти.

Причината за тоа се трошоците за решавање на спорот со владата во врска со продажбата на хипотекарни хартии од вредност пред почетокот на финансиската криза во 2008 година, како и ниските приходи од хипотеките, пренесува агенцијата Блумберг.

Според најновите податоци, нето профитот за три месеци, до крајот на јуни 2014 година е намален на 2,29 милијарди долари или 19 центи по акција, додека во истиот период лани изнесуваше 4,01 милијарди долари, односно 32 центи по акција.

По прилагодувањето на еднократните трошоци, банката остварила добивка по акција од 41 цент, додека аналитичарите предвидуваа добивка од 29 центи по акција.

Прометот на банката во вториот квартал од 2014 година е намален на 21,96 милијарди долари, од 22,7 милијарди долари во истиот период минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП