20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБензините поевтинуваат од 1,5 до 2,5 денари

Бензините поевтинуваат од 1,5 до 2,5 денари

benzin2

Бензините од ноќеска на полноќ се намалуваат од 1,5 до 2,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Така, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 се намалува за 2 ден/литар и ќе изнесува 81 ден/литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,50 денари и ќе се продава по цена од 83 ден/литар.

ЕУРОДИЗЕЛОТ и Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за 2,50 ден/литар и согласно новата одлука на РКЕ цената на ЕУРОДИЗЕЛОТ ќе изнесува 67,50 ден/литар, додека на Екстра лесното масло 56,00 ден/литар.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 1,84 ден/кг и тој ќе се продава по 40,348 ден/кг.

Намалувањето на нафтените деривати се должи на падот на цената на нафтата на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период и на курсот на денарот во однос на доларот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП