19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАFitch: Рејтингот на Холандија „ААА“

Fitch: Рејтингот на Холандија „ААА“

fitch-ratingshb54y56uy653

Агенцијата за кредитен рејтинг „Fitch“ го потврди кредитниот рејтинг на Холандија на ниво „AAA“, зголемувајќи ја прогнозата за во иднина од негативна на стабилна.

Агенцијата ваквата одлука ја објаснува со брзото темпо на намалувањето на холандскиот јавен долг отколку што првично се очекуваше, пренесува АФП.

„Fitch“ додава дека значително е подобрена перспективата на јавните финансии на земјата, буџетскиот дефицит е намален, а прогнозата за економскиот раст е зголемена.

Агенцијата предвидува дека јавниот долг на Холандија ќе достигне максимални 75 проценти од БДП, што е под претходно очекуваните 80 проценти до 2018-2019 година. Агенцијата очекува дека буџетскиот дефицит на Холандија до 2015 година ќе биде сведен на два проценти од БДП, благодарение на растот на домашната потрошувачка, намалената помош за невработените и штедењето во здравствениот сектор.

„Fitch“ ги зголеми и предвидувањата за економскиот раст на Холандија од нула проценти на 0,7 проценти за оваа година, односно од еден процент на 1,4 проценти во 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП