27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд понделник разговори за потенцијално издавање еврообврзница

Од понделник разговори за потенцијално издавање еврообврзница

evra

Претставници од Министерството за финансии и Народна банка на РМ од понеделник ќе имаат средби со инвеститори во неколку европски градови по повод потенцијално издавање на еврообврзница од страна на Република Македонија.

Како што информираат од Министерството за финансии, рочноста и сумата на која би била издадена еврообврзницата ќе бидат точно одредени по завршувањето на роуд-шоуто, зависно од општите услови на пазарот на капитал и пројавениот интерес за запишување на обврзницата.

„Издавањето на еврообврзницата е со цел финансирање на буџетските потреби за оваа и следната година, како и исплата на досепани обврски и обврски кои ќе доспеваат во наредниот период, вклучувајки ја и издадената еврообврзница од 2005 година, која доспева во 2015 година“, информираат од Министерството за финансии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП