26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИмБанка–апликација за мобилни уреди на Комерцијална банка

мБанка–апликација за мобилни уреди на Комерцијална банка

nba

Комерцијална банка АД Скопје ја објави мобилната апликација (мБанка) за iOS и Android базираните мобилни уреди за пристап до услугите за физички лица.

Со помош на мБанка отсега и во движење, ќе може да се оствари комплетен увид во сметките и да се вршат трансфери и плаќања без потреба од користење на сигурносен токен или листа на кодови, како и да се добиеинформација повеќе за производите и услугите на Комерцијална банка.

Апликацијата е бесплатна за користење, а корисниците на Интернет банка, без потреба од потпишување на нови договори, истата може да ја активираат преку Web апликацијата на Интернет банката,со следење на Упатството за работа и Општите услови на Комерцијална банка АД Скопје на веб страната www.kb.com.mk.

Апликацијата може да седобие и од соодветните продавници за мобилни апликации на App Store (заштитна марка на Apple Inc.) и Google play (заштитна марка на Google Inc.)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП