2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајавено интензивирање на активностите за заштита на потрошувачите

Најавено интензивирање на активностите за заштита на потрошувачите

article-1084881-0196294400000578-508_468x334

Министерството за економија ги интензивира активностите за заштита на потрошувачите. Најавува засилени контроли врз институциите задолжени за овој сегмент, како и доедукација и обука на нивните вработени.

Како што соопшти денеска ресорниот министер Беким Незири, потрошувачите освен во матичната организација, Организацијата на потрошувачи на Македонија (ОПМ) и Пазарниот инспекторат, за евентуални поплаки ќе може да се обратат и во Министерството за економија. Поразителни се бројките, рече Незири, на одговорени жалби на потрошувачите, лани, само 1,5 отсто од вкупно поднесените 4.000 и во првите шест месеци од годинава два проценти.

„Заштитата на потрошувачите е еден од најбитните сегменти во македонската економија. Оттука, мојата заложба ќе биде нејзино максимално зголемување“, нагласи министерот на прес-конференција.

Според него, од денеска Пазарниот инспекторат наместо квартално како досега, ќе мора да дава извештај за својата работа еднаш месечно.

Незири информира дека Министерството за економија идната недела очекува да добие грант од ИПА фондовите на ЕУ вреден 1,33 милиони евра. Од овие средства, 700 илјади ќе бидат наменети за подобрување на администрацијата задолжена за заштита на потрошувачите преку едукација и обуки, а останатите 600 илјади се предвидени за јакнење на капацитетите на невладиниот сектор во областа на заштитата на потрошувачите. Министерот Незири рече и дека ќе се заложи ОПМ да добива трипати повеќе средства на годишно ниво од сегашните 500 илјади денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП