Поради тричасовното гледање телевизија ризикот од рана смрт е два пати поголем.
Седењето пред телевизорот е опасно за здравјето и се поврзува со дијабетeсот и болестите на срцето, утврди осумгодишното истражување на шпанскиот Универзитет Навара. Научниците проучуваа 13.284 здрави испитаници на возраст од 37 години и количината на време кое го поминувале пред телевизорот, компјутерот и зад воланот.
За време на тие осум години 97 испитаници починале, 19 од срцеви болести, 46 од рак и 31 од други причинители. Оние кои секој ден гледале ТВ најмалку три часа имале двојно поголем ризик од предвремена смрт во однос на оние кои биле пред ТВ екраните околу еден час дневно, потврди истражувањето. Научниците пронајдоа поврзаност меѓу седењето зад воланот и пред компјутерот/телевизорот и предвремената смрт.
„Начинот на живот во кој постојано се седи пред ТВ екраните е навистина опасен за возрасните лица. Тој тренд е во постојан раст. Возрасните лица затоа треба да го намалат времето поминато пред телевизорот и да ги зголемат своите физички активности“, порача д-р. Мигуел Мартинез Гонзалес.
Лицата кои секојдневно поминуваат неколку часа пред телевизорот најчество страдаат од холестерол, шеќер во крвта дебелеење, но и од проблеми со срцето. Ваквиот начин на живеење е тесно поврзан со срцевите болести, дебелината и намалениот број на сперматозоиди кај мажите.
Затоа, исклучете го компјутерот/телевизорот, излезете на прошетка и занимавајте се со некоја физичка активност.