20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Костарика преку пенали до четвртфинале

СП 2014: Костарика преку пенали до четвртфинале

C

Репрезентацијата на Костарика се пласира во четвртфиналето на Светското првенство, откако синоќа по подоброто изведување пенали ја совлада Грција.

Во основите 90 минути резултатот беше 1:1, така остана и по дополнителните 30, а на пенали беше 5:3.

Брајан Руиз ја доведе репрезентацијата од Средна Америка во водство со погодокот во 52.минута. Изедначи Сократис Папастополус во 90+1.минута.

Костариканците од 66.минута играа со фудбалер помалку поради исклучувањето на Дуарте (втор жолт картон).

Од тој момент Грците ја презедоа иницијативата и покрај изедначувачкиот гол создадоа уште неколку сериозни шанси од кои најголемата во самиот финиш на продолженијата преку Митроглу.

Во четвртфиналето на 5 јули Костарика ќе игра со Холандија.

Претходно беше формирана првата четвртфинална двојка и неа ја сочинуваат Бразил и Колумбија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП