26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВозел 2.000 километри со еден резервоар

Возел 2.000 километри со еден резервоар

mercedes hibrid2

Возејќи „Mercedes E 300 BlueTEC HYBRID“ британскиот новинар Ендрју Франкел поминал со еден резервоар гориво растојание од 1.968 km.

Франкел возењето го започнал на северот на Африка од мароканското пристаниште Тангер, од каде со траект преминал на европскиот континент, и по 27 часа патување низ четири земји (Мароко, Шпанија, Франција и Велика Британија) пристигнал во Гудвуд, Англија.

Просечната потрошувачка на крајот на возењето изнесувала 3,1 l/100 km, a не е соопштено со која просечна брзина се движел хибридниот „Mercedes“.

mercedes hibrid22

Тој открил дека условите за возење не биле идеални, затоа што за време на патувањето меѓу останатото возел по екстремна топлина, поројни дождови, низ сообраќајни метежи и значајни промени на надморската височина.

„Mercedes E 300 BlueTEC HYBRID“ бил опремен со два големи резервоари кои се наоѓаат во фабричката понуда на овој модел во кои собира 80 литри гориво.

Автомобилот погон добивал од хибридниот систем кој се состои од дизел мотор со 204 ks (150 kW) и 500 Nm и електромотор кој произведува 27 ks (20 kW).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП