Битолчанката Верка Дучевска е добитник на половина милион денари на инстант лотаријата Детелинка.
Среќниот лоз го купила во продажното место Легион во Битола. Покрај Детелинка, купува и Среќни коцки.
Детелинка беше лансиран на крајот на 2012, а во својата добитна комбинација вклучи само парични добивки од кои: 5 добивки по 500.000 денари, десет добивки по 100.000 денари, сто добивки од по 10.000 денари и други бројни добивки од 30 до 1000 денари.
Лозот е посебно атрактивен заради податокот што нуди вкупна вредност од 19.500.000 денари, а секој трет крие добивка. Трите идентични суми во детелинката се вашата лозинка за добивка во оваа игра на среќа.