26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: ФИФА ќе го казни Нејмар поради долната облека?

СП 2014: ФИФА ќе го казни Нејмар поради долната облека?

nejmar gaki

Многу коментари предизвика потенцијалната казна за Нејмар, во сред целата „бура“ поврзана со Луис Суарез.

Како непрофитна организација која првенствено се занимава со заштитата на интересот на фудбалската игра и нејзините учесници, ФИФА својот углед го изгради врз основа на парите кои не им недостасуваат.

Тука се и бројните коментари за веста дека финансиски ќе ја казнат првата ѕвезда на Бразил поради кршење на маркетиншките права и рекламирање на компанија која не е спознор на Светското првенство и чие име и лого несмеат да се прикажуваат за време на натпреварите, па дури ни на долната облека.

Се сеќавате сигурно на Никлас Бентнер кој беше казнет на минатото Европско првенство поради иста работа, со оглед дека намерно по постигнувањето на гол јавно рекламирал една европска обложувалница.

На Нејмар му се закануваат со казна поради тоа што по натпреварот, при разменувањето на дресовите со Камерунците дозволил да му се спушти шорцот и да му се види долната облека.

Челниците на ФИФА се на добар пат да предизвикаат гнев поради експресното одлучување кога станува збор за кршењето на правата по што следува финансиска казна.

Останува да се види каква ќе биде одлуката на светската куќа на фудбалот во случајот со бразилскиот ас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП