13 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦарините на Трамп може да бидат суспендирани - Федералниот суд во Њујорк...

Царините на Трамп може да бидат суспендирани – Федералниот суд во Њујорк денес разгледува барање за итна забрана

Федералниот суд за меѓународна трговија во Њујорк денес разгледува барање за итна забрана за спроведување на царинската политика на американскиот претседател Доналд Трамп, а одлука што ќе влијае на целата глобална трговија може да се донесе до крајот на овој месец.

Администрацијата на Трамп претходно објави дека трговскиот дефицит на Соединетите Американски Држави претставува национална вонредна состојба што ја загрозува безбедноста на земјата.

Врз таа законска основа, таа воведе широк спектар на тарифи, вклучувајќи основна тарифа од 10 проценти за стоки од целиот свет, тарифи до 50 проценти за околу 60 земји (привремено суспендирани 90 дена) и рекордна тарифа од 145 проценти за кинески производи – која Белата куќа оттогаш ја намали на 30 проценти.

Критичарите кои поднесоа барање за забрана на овие мерки ја оспоруваат и законската основа и уставноста на таков пристап, објавува Политико.

Група мали бизниси од Њујорк, предводени од дистрибутерот на вино VOS Selections, бара привремена забрана за царините, поддржана од поранешни сенатори и правни експерти.

Поранешниот американски сенатор Џон Данфорт, еден од потписниците на поднесокот до судот, рече дека „претседателот не може еднострано да ги преземе овластувањата што Уставот му ги доделува на Конгресот“ и додаде дека тоа е клучно прашање за распределбата на моќта во земјата, пишува „Telwgraf“.

Адвокатите на тужителите бараат ситуациите кога извршната власт презема мерки од големо економско значење да бидат јасно дефинирани со закон.

Законот за меѓународни економски вонредни овластувања (IEEPA) му дава на претседателот широки овластувања да регулира разни економски трансакции по прогласувањето национална вонредна состојба, според веб-страницата на Конгресот на САД.

Доколку Федералниот суд за меѓународна трговија заклучи дека претседателот неоправдано се повикува на законот IEEPA, царинскиот режим би можел да биде суспендиран, а со тоа и целата стратегија на Трамп за притисок врз трговските партнери, додава бриселскиот портал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП