24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Аргентина и Нигерија во осминафиналисти од групата Ф

СП 2014: Аргентина и Нигерија во осминафиналисти од групата Ф

Argentina's Lionel Messi scores his second goal against Nigeria from a free-kick in Group F.

Селекциите на Аргентина и Нигерија од групата Ф, обезбедија пласман во осминафиналето на Светското фудбалско првенство во Бразил.

На средбата од последното 3.коло одиграна во Порто Алегре, Аргентина со 3:2 ја победи Нигерија, која пак благодарение на поразот на Иран, африканската селекција сепак остана на второто место на табелата.

Лионел Меси и Ахмед Муса постигнаа по два гола.

Меси ги доведе „Гаучосите“ во водство уште во 3. минута, но само шеесетина секунди подоцна Муса израмни на 1:1.

Во финишот на првиот дел Меси го постигна вториот гол за Аргентина негов четврти на првенството.

Муса возврати со нов го и израмнување на 2:2 по само две минути игра во второто полувреме (47-минута).

Победата на Аргентина од 3:2 им ја донесе Маркус Рохо со голот во 50-минута.

На вториот натпревар од оваа група одигран во Салвадор, Босна и Херцеговина со 3:1 го победи Иран.

Стрелци на головите за БиХ беа: Един Џеко (23-минута), Миралем Пјаниќ (59) и Авдија Врсајевиќ (83), а голот за Иран го постигна Реаза (82).

Табела: Аргентина 9 бодови, Нигерија 4, БиХ 3 и Иран 1 Кои ќе бидат противници на Аргентина и Нигерија во осминафиналето ќе биде познато вечерва откако ќе се одиграат натпреварите од последното коло во групата Ф.

На средбите кои стартуваат од 22 часот се среќаваат: Хондурас – Швајцарија и Еквадор – Франција.

На табелата во оваа група води Франција со 6 бодови, пред Швајцарија и Еквадор кои имаат по 3, додека Хондурас е без бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП