19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса и Реал со различни стратегии во преговорите за Крос

Барса и Реал со различни стратегии во преговорите за Крос

 

toni 222

Шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона се подготвени да водат војна на трансферниот пазар за халфот на Баерн Минхен, Тони Крос.

Германскиот репрезентативец категорично одбива да го обнови договорот при предложените нови услови, а актуелниот договор му истекува во 2015-та година. Тоа речиси сигурно ќе го принуди раководството на „баварците“ да го продаде.

Стратегиите на Реал и Барса во нивните обиди да привлечат Крос се радикално различни. Од Мадрид ќе се обидат да го убедат фудбалерот да потпише со нив како слободен агент следното лето, а „каталонците“ сакаат да платат за полудефанзивецот, па да го имаат во своите редови уште во новата сезона.

Во Барса потпираат на добрите односи со шефовите на Баерн. Тие се зацврстија минатата година, кога клубот од Минхен се согласи да даде 25 милиони евра за Тиаго Алкантара, иако клаузулата во неговиот договор беше во вредност од 18 милиони.

Челзи и Манчестер Јунајтед се другите кандидати за Крос, но пред „сините“ постојат неколку опции за оваа позиција, а “црвените ѓаволи“ веќе го договорија Андерс Ерера и тешко дека ќе конкурираат за германскиот репрезентативец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП