13 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАТројца од десет тинејџери сакаат да работат, другите да учат

Тројца од десет тинејџери сакаат да работат, другите да учат

Повеќе од две третини од средношколците во Македонија  планираат да го продолжат своето образование на факултет, според анкетата на невладиниот сектор. Истражувањето е спроведено во кон крајот на 2024 година. Од 1850 анкетирани млади луѓе, мал број од нив изјавиле дека имаат намера да се вработат, да започнат приватен бизнис или да се запишат на курс или друг начин на преквалификација.

Тоа што може да се забележи од анкетата, исто така, покажа дека кај младите луѓе има недостатокот на конкретна поддршка а тоа може да се види во фактот дека многу работодавци бараат претходно искуство, како и во фактот дека на почетокот се многу малку платени.

Охрабрува оптимизмот и самодовербата кај младите луѓе, имено околу две третини од младите веруваат дека имаат доволно знаење за работата што планираат да ја работат, но повеќето од нив веруваат дека се слабо подготвени за својата идна работа. Тие го наведуваат образовниот систем како главен виновник за состојбата во која се наоѓаат. Испитаниците велат дека благодарение на стекнатото искуство, подобро разбираат што се очекува од нив на работа, отколку знаењето што го носат од училиште. А периодот на транзиција од образование кон вработување повеќето млади луѓе го доживуваат како најстресен. Податоците од анкетата велат дека средношколците најмногу се загрижени за запишување на посакуваниот факултет.

Од друга страна, веќе е познат фактот дека работодавците се тие што очекуваат сигурност, одговорност, почитување на правилата, тимски дух и ефикасно извршување на задачите. Сепак, повеќето млади луѓе би вложиле дополнителен напор ако почувствуваат дека нивниот работодавач покажува почит кон нив и вистински се грижи за нивните работнички права.

Значителен дел од младите луѓе не би се согласиле да работат во компанија каде што јавниот имиџ е неконзистентен со реалните услови за работа. Дури 46 проценти од нив би прифатиле дури и пониска плата доколку станува збор за работодавач кој ги почитува вистинските вредности.

И.П.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП