27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДиректор на косовски пензиски фонд со 72 илјади евра годишна плата

Директор на косовски пензиски фонд со 72 илјади евра годишна плата

ro

Адриан Зали, директор на Фондот за пензиска заштета на Косово, е најплатениот носител на функција на Косово.

Неговата плата е четирипати поголема од онаа на премиерот Хашим Тачи, или за речиси половина поголема од платата на претседателката Атифете Јахјага.

Според изјавите за имотната состојба доставени до Агенцијата против корупција, Зали има годишна плата од 71.500 евра или околу 6 илјади евра месечна плата.

Тој пријавил исто така и 810 евра од патување. Зад Зали е директорот на косовски телеком, Ејуп Ќерими, кој зема годишна плата од околу 50 илјади евра.

Сејди Хоџа извршен директор на косовски телеком има месечна плата од три илјади евра или годишна од 36 илјади евра и Арбен Ѓука, директор на косовската електрокорпорација,КЕК со месечна плата од 2.800 евра.

Стапката на невработеноста во Косово достигнува 40 отсто и овој процент на висока невработеност не се намалил во текот на целиот мандат на актуелната влада.

Инаку, само 23 отсто од работоспособното население во Косово е вработено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП