30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа македонските фирми 100 милиони евра од чевртата транша кредити од ЕИБ

За македонските фирми 100 милиони евра од чевртата транша кредити од ЕИБ

european-investment-bank555

Во текот на овој месец Македонската банка за поддршка на развојот ќе ја пласира и четвртата транша на поволни кредити од Европската инвестициска банка (ЕИБ) наменeта за македонскиот бизнис сектор.

Оперативниот директор на Македонската банка за подршка на развојот, Бесим Билали денеска информира дека нови 100 милиони евра ќе бидат пласирани со четвртата трнша, која е потпишана во декември минатата година.

„Третата транша ја завршивме пред еден месец и новиот договор за четвртата транша е потпишан на 31 декември 2013 година. Веќе сме во фаза на прибирање апликации, имаме доста апликации и тие за брзо време ќе бидат исплатени и реализирани од реалниот сектор“, изјави Билали.

Според него, македонските фирми веќе понудиле квалитетни проекти и има доста флексибилни компании кои можат да имплементираат нови технологии и програми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП