30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBNP Paribas плаќа казна меѓу 8 и 9 милијарди долари

BNP Paribas плаќа казна меѓу 8 и 9 милијарди долари

bnp paribas22

Француската банка „BNP Paribas SA“ ќе плати помеѓу 8 и 9 милијарди долари казна по договор со Министерството за правда на САД, информира „Reuters“.

Надоместокот на банката е во врска со работењето во Иран и Куба, но најмногу со Судан, во периодот од 2002-ра и 2009-та година, нарушувајќи ги американските санкции против овие земји. Претходно овој месец од страна на Агенцијата информираа дека најголемата француска банка ќе биде казнета со до 16 милијарди долари.

Потоа се појавија информации за казна од 10 милијарди долари, додека понудата на банката беше 1 милијарда долари.

Банката ќе мора да ја признае вината и да прифати привремени ограничувања, најверојатно тие ќе траат неколку месеци, врз трансакциите во долари. Покрај тоа од „BNP Paribas“ ќе мора да отпушти над 30 од свои вработени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП