19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕХрана која слабите луѓе ја консумираат барем два пати дневно

Храна која слабите луѓе ја консумираат барем два пати дневно

200013404153a4161e8e72b933535761_orig

Вашата мајка најверојатно уште во детството ви говорела дека мора да го испиете млекото, но претпоставуваме дека на тоа инсистирала поради вашите коски, а не поради обемот на вашата половина.

Имаме добри вeсти за вас! Новото истражување на универзитетот Харвард тврди дека конзумирањето на млечни производи барем два пати дневнo може да ги намали шансите да бидете дебели.

Истражувачите ги анализирале навиките во исхраната кај 7.173 лица и дошле до податоци дека луѓето кои редовно консумираат млечни производи најчество имаат помал индекс на телесна маса, а специфично е и тоа дека луѓето кои барем два пати дневно јадат млечни преработки имаат помали шанси за дебелина од оние кои ги конзумираат ретко.

Млекото најмногу влијае на обемот на вашата половина. Луѓето кои млекото го консумираат на дневна база имаат помали шанси да бидат дебели. Сепак, за ова да биде ефективно, потребно е млеко кое содржи помалку од 3,4 проценти масти.

Што се однесува на другите млечни производи, јогуртот често се доведува во врска со губењето на килограмите и тоа поради калциумот. Калциумот е клучната состојќа за одржување на витка линија бидејќи овој минерал може да го зголеми топењето на мастите околу стомакот.

Значи, вклучете ги млечните производи со ниска масленост во вашата дневна исхрана и сигурно ќе ја добиете битката против дебелината. Протеините ќе ве заштитат, а калциумот ќе ви помогне да ги стопите мастите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП