18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Португалија се спаси од пораз

СП 2014: Португалија се спаси од пораз

ccx

Со голот на Силвестре Варела постигнат во последните секунди од судиското надополнување Португалија освои бод на дуелот со САД, но остана само со теоретски шанси за пласман во осминафиналето на Светското првенство.

Нерешените 2:2 повеќе им одговараат на Американците кои со реми во последното коло одат понатаму.

Португалија ноќеска во Манаус поведе уште во 5.минута преку Нани.

Пресвртот го најави Џермеин Џонс во 64.минута кога изедначи на 1:1, за Клинт Демпси во 81.минута да донесе
водство на САД. Варела на 30 секунди пред крајот на петминутното надополнување искористи еден центаршут од Кристијано Роналдо и ја спаси Португалија од пораз.

Во Г групата водат Германија и САД со по четири бодови и со реми во меѓусебниот натпревар во последното коло двете репрезентации си обезбедуваат пласман во следната фаза.

За Португалија да оди во осминафиналето е потребна висока победа против Гана во 3.коло, како и убедлива победа на Германија против САД.

Во слична ситуација е и Гана која заедно со Португалија имаат по еден бод.

Синоќа се комплетира 2.коло и во Х групата. Алжир со победата над Јужна Кореја од 4:2 значително си ги зголеми шансите за осминафинале.

Табела група Х: Белгија 6 бодови, Алжир 3, Русија 1, Јужна Кореја 1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП