сабота, 28 јануари 2023
ПочетнаСПОРТБИЗМихаел Шумахер ќе остане инвалид до крајот на животот-тврди швајцарски невролог

Михаел Шумахер ќе остане инвалид до крајот на животот-тврди швајцарски невролог

Michael Schumacher

Угледниот швајцарски лекар-невролог, Ерих Рајдер ги отфрли денеска сите шпекулации за брзо опоравување на германскиот автомобилски шампион Михаел Шумахер, што се појавија во европските медиуми откако тој ја напушти болницата во Гренобл.

Според Рајдер, кој важи за експерт во случаи на пациенти во кома, „малку веројатно e дека Шумахер ќе се опорави, а поверојатно е дeкa ќе остане инвалид до крајот на својот живот и трајно зависен од помошта на други“.

Во интервју за швајцарскиот интернет сајт „20 Минутен“ угледниот швајцарски лекар вели дека пред Шумахер претстои долга и тешка рехабилитација, поради низа сериозни оштетувања што има кај него, иако е позитивно тоа што германскиот автомобилист што се разбуди, по шест месеци поминати во кома.

,,Доколку Шумахер успее за три месеци да може да седнува без помош, а за шест месеци да може да управува со електрична инвалидска количка, тоа ќе биде голем и добар напредок”, вели др.Рајдер.

Михаел Шумахер на почетокот од оваа недела, се разбуди од комата во која го ставија француските лекари, во болницата во Гренобл, за да спречат потрешки и потрајни повреди на мозокот.

Веднаш потоа, беше префрлен во Лозана, во еден специјален центар, каде го почнува долгиот период на рехабилитација.

На 29 декември минатата година, Шумахер (45) тешко настрада при падот за време на скијањето во француските Алпи.

Возејќи надвор од обележаната патека, тој падна и удри со главата во една карпа.

Истрагата што потоа беше направена, утврди дека најверојатно би загинал на самото место, доколку на главата не носел заштитен скијачки шлем, иако тоа не му помогна да остане неповреден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП