30 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ6 напитоци за рамен стомак

6 напитоци за рамен стомак

52962_limun-uter_630x0

Летото веќе сериозно ни се приближува, па иако времето тоа не го покажува, за неколку дена веројатно повеќето од вас ќе бидат во костим за капење. А, ако сакате да изгубите неколку сантиметри пред летувањето, особено околу стомакот, овие напитоци ќе ви помогнат во тоа. Слатката лимоната можеби ви помага во разладувањето, но не ви помага и да ослабете. Особено не како овие шест прекрасни напитоци.

Вода со вкус

52962_limun-uter_630x0

Кога се обидувате да ослабете, најважно е да пиете многу вода. Но, ако обичната вода многу брзо ви досадува и сакате нешто што побрзо ќе ве разлади, пробајте да додадете малку природен вкус во својата ладна вода. Може да се одлучите за свежо нане, парчиња лимон или исечкана краставица. Многу е важно да внесувате многу здрави течности бидејќи тоа ќе ви помогне при надуеност и задржување на вишокот на вода – а тоа се две клучни причини зошто вашиот стомак често изгледа зголемено.

Сок од лубеница

63872_sokovi-shutterstock-161659901_630x0

Се додека се направени без дополнителни шеќери и ароми, природните сокови и шејкови можат да бидат одличен начин за да се освежите и насладите, а притоа да не внесете премногу калории. Лубеницата е одлична база за сок, токму затоа што поседува многу вода, богат вкус и нема многу калории. Не само што таа одлично хидрира, туку е полна и со хранливи материи, како што се ликопените кои се борат против ракот, но и амино киселината аргинин. Студии докажаа дека аргининот може да ги разгради маснотиите во телото и да помогне при изградбата на мускули.

Ладен чај од мента

54548_profimedia0032011801_630x0

Чајот од нане е сам по себе одличен за освежување во топлите летни денови, но тој се покажа и како одличен сојузник во борбата против маснотиите на стомакот. Чајот од нане му помага на вашиот организам за подобро да ги вари маснотиите, па масната храна како што се хамбургерите и шницлите, побрзо се варат, а тоа ја намалува надуеноста на стомакот. Навечер сварете си нане, оставете го да се олади, а потоа ставете го во фрижидер преку ноќ. Наутро ќе се освежите со вкусен домашен леден чај без шеќер.

Фрапе од ананас

63873_sokovi-shutterstock-174029123_630x0

Ставете ананас во блендер, додадете малку ладна вода и ќе добиете напиток кој има вкус како летен одмор на најубавата плажа. Притоа ќе внесете и состојки кои се борат против маснотиите. Ако во ова фрапе додадете и лажичка ленено семе, ќе направите вистински погодок за вашиот организам. Лененото семе содржи здрави масни киселини кои и покрај застрашувачкото име всушност ви помагаат во согорувањето на мастите. Самиот ананас содржи бромелин, ензим кој ги разложува протеините, па така помага при варење на храната и отстранување на надуеноста.

Зелен чај

11518_WEB_1500px_shutterstock_25902241_630x0

Тешко е дека ваква листа може да помине без кралот на сите диетални пијалоци, чудотворниот зелен чај. Не само што со редовно консумирање ќе го намалите ризикот од добивање на рак и срцеви заболувања, туку студиите покажаа дека овој пијалок содржи антиоксиданти кои помагаат во разградување на салото на стомакот. Ако пиете шолја зелен чај пред вежбање истите овие антиоксиданси ќе ви помогнат за побрзо да ги согорите мастите при аеробните вежби.

Шејк од темно чоколадо

62332_profimedia0159268114_630x0

Да, чоколадниот шејк навистина може да ви помогне да ослабите. Чоколадото, а особено црното чоколадо, може да ви помогне во процесот на слабеење бидејќи го намалува апетитот и ја спречува неконтролираната желба за благо и грицки. Иако ова звучи како остварување на вашиот сон, имајте предвид дека шејкот од чоколадо иако не содржи шеќер, тој има доста калории. Така што, најдобро би било тој да ви заменува еден оброк, при што најдобро би било да го пиете за појадок – долго ќе останете сити и нема да имате желба за нездрави слатки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП