29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајголемата словенечка банка NLB соопшти за загуба

Најголемата словенечка банка NLB соопшти за загуба

nlbbanka

Најголемата словенечка банка, државната Нова љубљанска банка (НЛБ), соопшти дека во 2012 година забележала зголемена загуба и оти и се потребни 400 милиони евра свеж капитал за да ги исполни барањата на европските банкарски регулатори.

NLB нагласува, дека поради големиот обем на ризични заеми, минатата година евидентирала загуба од 273,5 милиони евра, во однос на 239 милиони, колку загубила во 2011 година. Банката додава дека и оваа година ќе остане во минус.

– Ситуацијата во банкарскиот сектор во Словенија и во банката и натаму е мошне сериозна, изјави извршниот директор на NLB, Јанко Мевља.

Проблемите во словенечките банки, кои се под товарот на лошите кредити, ги покренаа шпекулациите дека на Словенија ќе и биде потребна меѓународна финансиска помош.

Мевља истакна, дека на банката оваа година и се потребни 400 милиони евра за да го зајакне односот на долгот кон капиталот од сегашните 8,7 на девет отсто, во согласност со барањата на европските банкарси агенции.

Словенија поседува 86 отсто од акциите на НЛБ од декемри, кога уделот од 22 проценти го купи од вториот најголем акционер, белгиската осигурителна и банкарска групација КБЦ. До крајот на годината уделот на државата во банката ќе се зголеми на 90 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП