петок, 2 декември 2022
ПочетнаСПОРТБИЗРК Вардар и ЖРК Вардар СЦБТ директно во групите од Лигата на...

РК Вардар и ЖРК Вардар СЦБТ директно во групите од Лигата на шампионите

vardar 0000

Одлична вест за ракометниот колектив Вардар денеска пристигна од ЕХФ. Според Европската ракометна федерација, машкиот тим на „црвено-црните“ и следната година ќе настапува во Лигата на шампионите.

Во соопштението кое го објави ЕХФ стои дека РК Вардар со своите добри настапи во минатата година заслужи повторно да се најде меѓу најдобрите во Европа, и тоа не во квалификациите, туку директно во групната фаза каде што е и актуелниот првак на Македонија, Металург.

Решението е донесено врз основа на повеќе критериуми како квалитетот на клубот, финансиската моќ, интересот кај публиката, ТВ-покриеноста..

Покрај Вардар директно во групната фаза ќе учествуваат уште пет екипи кои не беа шампиони на своите земји: Пик Сегед, Висла, Алборг, ПСЖ и Монпелје.

Извлекувањето на паровите кои ќе играат квалификациски двомеч ќе биде одржано на 26-ти јуни во 14:00 часот, додека за групната фаза ќе биде следниот ден од 18:00 часот.

Третопласираната екипа на годинешниот „Final Four“ во женска конкуренција, ЖРК Вардар СЦБТ, исто така како и машкиот тим на македонскиот спортски бренд, ќе биде дел од групната фаза од Лигата на шампионите. Нормално, „вардарки“ ова признание од страна на ЕХФ го добија според резултатите и успехот во минатогодишната сезона.

Според информациите извлекувањето кај дамите ќе се оддржи во истите термини или веднаш по жрепката кај мажите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП